Криволов со мрежички на река Брегалница во Делчево

Продолжуваат акциите за спречување на криволовство на река Брегалница. Во последниот случај на фаќање криволовство, приведен е криволовец при што му е одземена опремата. Делчевските риболовци се задоволни што конечно се става крај на оваа негативна појава.
 
– Сакаме да апелираме до граѓаните и понатаму да пријавуваат криволовство како и продажба на недозволени средства за риболов во МВР и надлежниот инспекторат, велат спортските риболовци.
Кога сме кај риболовот, Спортско риболовното друштво „Брегалница“ го најавува претстојниот натпревар во спортски риболов кој ќе се одржи на езерскиот комплекс ,,Сандански”.
 
-Спортскиот натпревар на езеро Сандански оваа година ке се одржи на средината на месец септември и истиот ќе биде меморијален во чест на на нашите колеги Виктор Aралампиев и Александар Захариев, соопштија од друштвото.
 
Датумот на одржување на натпреварот во спортски риболов е 15 септември, а пријавувањето е најдоцна до 12 септември оваа година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*