Екипата на РК ,,Делчево” го освои 5-тото место на силниот турнир “Феникс куп” кој од 18.08 до 22.08 2019 се одржа во Битола. Според информациите од клубот нашата екипа слабо го стартувала турнирот со три последователни порази во групната фаза, додека во разигрувањето биле подобри од домаќинот Феникс АМС , и во борбата за 5 то место од екипата на “Извиѓач” од БИХ.
На турнирот учествувале 8 екипи и тоа 3 од Македонија, 2 од Црна Гора, 2 од Романија и 1 од Босна и Херцеговина.
Во следниот период како што додадоа, екипата продолжува соподготовките, а стартот на првенствата е закажан за 15 септември. Оваа сезона РК ,,Делчево” ќе настапи во пионерска и кадетска женска лига и кадетска машка лига во РФМ.
Leave a Reply