Делчевските ракометни екипи се подготвуваат за новата сезона

На спортските терени во Делчево, ракометните екипи на РК „Делчево“ и „Брегалница плус“ ги започнаа подготовките пред почетокот на новата сезона. Како што информираше Горан Велков, тренерот на ракометниот клуб Делчево, по настапот на Феникс Куп во Битола, делчевки продолжуваат со напорни тренинзи до почетокот на сезоната кој е закажан за средината на септември.
 
-Во овој претходен период работевме на кондициона подготовка, потоа учествувавме на силниот меѓународен турнир во Битола каде учествуваа ракометни екипи од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија и Македонија и притоа го освоивме петтото место. На турнирот имаше квалитетни ракометарки кои че бидат идни репрезентативки на овие држави. Оваа година пријавивме екипи во кадетска женска и кадетска машка конкуренција и мислам дека како ќе поминува времето така ќе играме се подобро и подобро, рече Велков.
Интензивно за новите предизвици, како што истакна тренерот Влатко Димитровски, се подготвуваат и од екипата на РК „Брегалница Плус“.
 
-Како што гледате, ракометарките тренираат. Има време до почетокот на првенството, така да не очекува уште една сезона во која се надеваме на уште подобар успех, истакна Димитровски.
Кога сме кај ракометот, по повод ослободувањето на Делчево и Денот на независноста, на 7 и 8 септември, во организација на РК „Делчево“ е планиран силен ракометен турнир на кој ќе учествуваат екипи како од Македонија така и од странство.

Засилени подготовки на ракометните екипи од Делчево

Засилени подготовки на ракометните екипи од Делчево

Posted by delcevo365.mk on Monday, August 26, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*