Од денес советничката група на СДСМ Делчево со 9 советници

Од денес советничката група на СДСМ Делчево брои 9 советници. Вице Стоиловски од партијата ГРОМ, кој досега делуваше како независен советник, на денешната одржана 28 седница, даде свој исказ, во кој изјави дека од денес, ќе ги застапува интересите на пратеничката група на СДСМ.
 
-Почитуван претседателе, почитувани колеги советници, сакам да ја дадам следнава изјава дека јас, Вице Стоиловски, како советник во општина Делчево кој досега делуваше независно, од денеска ќе делувам во рамки на советничката група предводена од СДСМ, изјави Стоиловски.
Стоиловски на почетокот на мандатот на сегашниот состав од делчевскиот совет, делуваше како дел од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, за да минатиот октомври ја напушти оваа коалиција и до заклучно со денешната седница, делуваше како независен советник.
 
Со денешната промена во делчевскиот совет, советничката група на СДСМ сега брои 9 советници, ВМРО ДПМНЕ има 5 советници, додека советникот Николчо Ситновски од ВМРО НП, кој во август 2018 ја напушти коалицијата со ВМРО ДПМНЕ, останува да делува како независен советник согласно политиките на неговата партија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*