Во Македонска Каменица во тек отворено првенство во шах

Во организација на Шаховскиот клуб ,,Каменица-Саса” започна отвореното првенство на Општина Македонска Каменица во шах. На настанот учествуваат врвни еминентни шаховски имиња меѓу кои и докажани ФИДЕ велемајстори. За претседателот на клубот „Каменица-Саса“, Лазо Стаменковски, чест и задоволство е за прв пат да се биде домаќин на ваков настан.
 
– Имаме пријавено 30 играчи, петнаесет од Скопје, имаме двајца велемајстори и ФИДЕ мајстори, прездоволни сме, ова за прв пат се случува во Македонска Каменица. Што се однесува до нашиот клуб, минатата година ги имавме први почетоци, оваа година го заокружуваме тој дел. Во клубот имаме 10 пионери, 10 жени и 10 младинци и целта ни е во иднина да напреднеме со млади категории, истакна Стаменковски.
Меѓу врвните имиња кои учествуваат на Отвореното шаховско првенство се и Роландо Кутиров, кој воедно е претседател на македонската шаховска федерација како и освојувачот на златен медал на шаховската олимпијада во Истанбул, Драгољуб Ачимовиќ, кои изразија задоволство што преку вакви турнири напредува шахот во Македонија.
 
-Шахот оди напред во смисла што порано во првата лига играа 5 екипи, додека во прва и втора лига во моментот имаме 16 клубови, така што интересот за шахот во Македонија расте и се шири шаховската игра, истакна селекторот Кутиров.
 -Во секој случај ова во М.Каменица е еден одличен настан, шаховскиот клуб се прилагодува на модерните трендови, прекрасно е кога некој, во да кажеме вакво запуштено шаховско време, ќе организира еден ваков турнир, истакна Ачимовиќ.
На турнирот организаторот обезбеди и награди за петте најдобри шахисти, при што првонагрдениот шахист ќе добие парична награда од 10 илјади денари.
 
Турнирот е поддржан од Општина Македонска каменица, Рудник САСА и приватни спонзори и се одржува по повод трикратниот празник, кој утре со низа свечености ќе се одбележи во Македонска Каменица

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*