Во делчевската градинка “Весели Цветови” заврши реконструкцијата на кујната која се реализираше со средства од градинката во вредност од 300 илјади денари. Како што информираше директорката на градинката Билјана Симовска, покрај санација на кујната, реконструкцијата опфаќаше и поправка и замена на дел од столаријата во градинката, како и санација на подниот дел во таканаречените „јасли“.
-После еден месец откако ја најавивме реконструкцијата, ние сме спремни и подготвени да ја започнеме оваа воспитна година. Сакам да им се заблагодарам на родителите, кои што во периодот додека траеја градежните акитвности, ги оставија дечињата домa, за да можеме ние да ги завршиме работите, рече Симовска.

Извршувајки увид во градежните работи, градоначалникот Горан Трајковски рече дека со ова се елиминирани сите опасности по децата како резултат на нефункционалноста на претходниот канализационен систем.
-Со овој зафат значително се подобрени условите во детската градинка, бидејки се отстранети и потенцијалните опасности, кои што можеа да предизвикаат одредени зарази со претходниот канализационен систем. Верувам дека со домаќинското работење на директорката и во иднина, во градинката ќе се подобруваат условите за престој на дечињата, истакна Трајковски
Од септември делчевската градинка ќе прими нови 65 дечиња, кои во новата воспитна година како што додадоа од градинката ќе имаат значително подобрени услови за престој.
Приготвувањето на храна за дечињата во детската градинка „Весели Цветови“ отсега ќе се врши во модернизирани услови
Posted by delcevo365.mk on Tuesday, August 27, 2019
Leave a Reply