Одржана промоција на делото „Зад твојот сон“ од Васил Маневски

Во Делчево синоќа се одржа промоција на стихозбирката „Зад твојот сон“ од авторот Васил Маневски. Делото како што истакна авторот Маневски е продолжение на првото издание на истоимената книга за која читателската публика за прв пат слушна пред 4 децении.
 
-Книгата што вечерва ја промовираме е второ дополнето издание на книгата „Зад твојот сон“ која е излезена некаде пред 40-тина години. Изданието е дополнето со катрени и други песни, а е посветена на моите внуки Илина и Галена. Освен ова дело предмет на мојата поезија е роднокрајната историја и герографија, знаменити личности, топоними, а понекогаш знам да напишам и стих за актуелните македонски состојби, истакна Маневски.
За авторот, кој е поранешен дописник на МИА во пензија, колегите знаат да кажат дека се работи за автор, чија поезија има роднокрајни мотиви.
 
-Васил Маневски не е ниту анонимен, ниту пак е некој случајна појава во поетската литература. Можеби не е обемно неговото творештво, но остава значителна трага, како роднокраен автор, истакна рецензентот Ванчо Механџиски.
-Конечно после 40 години дочекавме неговата прва стихозбирка да биде дополнета со осум катрени. Книгата е во издание на „Заеднички шепотења“. Се надевам дека Мневски има уште што да каже во поезијата и се надевам дека многу скоро ќе го видиме неговото ново дело, истакна афористичарот Миле Ѓорѓијоски
Освен оваа промоција, во подготовка е и новата книга на авторот „Тестамент“, дело со кое Маневски учествува на наградниот конкурс од натпреварот „Антево перо“, чии резултати допрва треба да бидат соопштени.
Настанот се реализираше со поддршка на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” и ЈЛБ ,,Илинден”, а специјален гостин на вечерта беше поетот Александра Бетинска. Настанот го модерираше конференсие Родне Деолска, а истиот беше збогатен со музички точки во изведба на музичарите Слободан Илиоски-Цобе и Благој Стоименов.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*