Претседателот Пендаровски се сретна со граѓани, производители на мед и рудари во Македонска Каменица

Пo повод трите значајни обележја на Македонска Каменица, денот на градот, денот на рударите и празникот Успение на Пресвета Богородица, која е заштитничка на општина Македонска Каменица, денес каменичани имаа чест да бидат домаќини на многу гости меѓу кои и претседателот на државата Стево Пендаровски. Пендаровски кој најпрвин имаше средба со граѓаните, го посети и паркот на пчеларите, при што производителите на мед, го информираа претседателот Пендаровски дека покрај рударството, и пчеларството станува обележје на Македонска Каменица
 
-Во последните две-три години медот од источниот дел на Северна Македонија е многу баран, како на домашниот, така и на странски пазари. Често работиме на обучување на нови пчелари, така што од ден на ден се поголем е интересот за пчеларството во овој регион, истакна Боге Јанковски, претседател на здружението „Еко Кам Мед“.
Честитајќи им го денешниот празник, претседателот Пендаровски, во центарот на градот поразговара со граѓаните, кои што за овој ден имаа подготвено посна трпеза, а во духот на празнувањето претседателот Пендаровски имаше можност да проба и домашна ракија.
 
-Секогаш е убаво да се биде во град како Македонска Каменица, град којшто има живописна и убава природа. Денешниот празник е повод за големи народни собири, а овој во Македонска Каменица е еден од најубавите, рече Пендаровски.
 
Претседателот Пендаровски, исто така денеска ја искористи приликата да му честита на Антонио Самарџиски, којшто како дел од вработените во рудникот „САСА“ годинава е прогласен за најдобриот рудар. При средбата со рударите, претседателот Пендаровски, им го честиташе денешниот ден и им посака и натаму да работат безбедно и потоа безбедно да им се вратат на своите најблиски.
 
Истовремено, како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, 28 август од 1996-та година наваму, важи и за Ден на општината Македонска Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*