Во Берово заврши 11-тото издание на Етно Плоштад Фестивал

Со концерт на балканската звезда Џенан Лончаревиќ синоќа во Берово беше означен крај на петдневната програма, како дел од 11-тото издание на „Етно Плоштад Фестивал“. Настанот кој од 23 до 27 август угости над 30 илјади посетители, во изминатите пет вечери, понуди врвно музичко доживување за сите возрасти, задржувајки го етно-елементот, како носечки звук, препознатлив за малешевскиот крај.
 
Општина Берово голема поддршка за организирање на настанот доби од компанијата Зегин, чиј сопственик Благој Механџиски кој се заблагодари за можноста која му беше укажана за поддршка на фестивалот.
 
-Оваа година е побогата програмата, продолжена во повеќе денови. И самата агенда на манифестацијата е за сите генерации, од најмалите до најстарите. Се надевам дека соработката со општина Берово ќе продолжи и понтаму. Сакам на беровци да им го честитам празникот посветен на Св.Богородица, за кој ние велиме „Кај да си, ако си беровец на Богородица, дома да си“, рече Механџиски.
Со ваквата силна поддршка од Зегин и останатите компании, беровскиот градоначалник Звонко Пекевски е уверен дека фестивалот во иднина ќе понуди уште поквалитетни содржини.
 
– Верувам дека ова што го направивме заеднички, ќе значи многу за граѓаните, ќе значи многу и за општината и верувам дека и во иднина со силна поддршка од Зегин и другите фирми ќе можеме да сметаме на богата културно-уметничка програма што ќе значи, нови содржини и нови можности за општина Берово, рече Пекевски.
 
Рекордната посетеност на малото гратче за време на фестивалот, на Берово повторно му го донесе епитетот најпосетено туристичко место во летото кое полека привршува.

Џенан Лончаревиќ – А ја, лудујем (Етно Плоштад фестивал – Берово 2019)

Џенан Лончаревиќ – А ја, лудујем (Етно Плоштад фестивал – Берово 2019)

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, August 27, 2019

Од концертот на Џенан Лончаревиќ во Берово

Од концертот на Џенан Лончаревиќ во Берово

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, August 27, 2019

Дел од атмосферата во Берово на последната вечер на „Етно Плоштад Фестивал 2019“

Дел од атмосферата во Берово на последната вечер на „Етно Плоштад Фестивал 2019“ и краток сегмент од настапот на Жаре Бербер

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, August 27, 2019

Со концерт на Џенан Лончаревиќ во Берово финишираше Етно Плоштад фестивал 2019

Со концерт на Џенан Лончаревиќ во Берово финишираше Етно Плоштад фестивал 2019 (Изјави од покровителот Благој Механџиски – Зегин и градоначалникот Звонко Пекевски)

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, August 27, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*