Пендаровски: Рудникот САСА успешен пример за останатите компании

Во рамки на годинешното одбележување на 28. Август – Денот на рударите, претседателот Стево Пендаровски, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за економија Крешник Бектеши го посетија рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица. Претседателот и министрите се запознаа со мерките и вложувањата во областите на безбедност и здравје при работа и за заштита на животната средина, инвестициите во современа технологија и во производниот процес, како и со поддршката што ја обезбедува Рудник САСА за развојот и потребите на локалната заедница.
 
За претседателот Пендаровски задоволство е што во оовј регион, државата има компанија која работи по највисоките светски стандарди, со добиен највисок сертификат за заштита при работа и компанија која работи одлично на економски план и која води сметка за своите вработени.
 
-Освен тоа оваа дејност која често знае да загадува, не е пречка рудник САСА да води сметка и за пошироката околина. Луѓето прават се, ова да биде сведено на минимум, плус придонесуваат за општеството преку поддршка на спортски клубови и вложувања во младите генерации. Според сите параметри,рудник САСА треба да се посочи, како успешен пример и за останатите компании, истакна Пендаровски.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска откако претходно изрази задоволство од тоа што првата група рудари со бенефициран стаж замина во пензија, очекува нови проекти од рудник САСА за подршка на идните млади рудари.
 
-Знам дека рудникот имаат во најава можност за инвестиција во лади луѓе кои ќе сакаат да работата на овие работни позиции, а ние како министерство и Влада ќе продолжиме да работиме на унапредување на правата на рударите, истакна Царовска.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, потенцираше дека Министерството за економија и Владата посветено ќе продолжат да работат на донесување на нови законски решенија за хармонизирање на правилниците и тарифниците за експлоатација на минерални суровини.
 
-Најголема добивка од тоа во иднина ќе имаат општините кои и досега надоместокот од концесијата го користеа за реализација на инфраструктурни проекти, рече Бектеши.
 
Домаќинот, генералниот директор на рудник САСА, Олег Телној истакна дека рудникот и понатаму ќе продолжи со инвестициите за заштита на животната средина.
-Рудникот САСА располага со добар потенцијал за натамошен развој. Сметаме дека заедно со вработените и преку соработката со институциите на централно и локално ниво ќе ги оствариме поставените развојни цели, со што ќе продолжиме да придонесуваме за просперитетот на локалната заедница и земјата во целина. За да го постигнеме тоа, ќе продолжиме со нашите континуирани вложувања во најсовремена технологија, во благосостојбата и безбедноста на вработените и во заштитата на животната средина, рече Телној.
 
И оваа година, по повод празникот, менеџаментот на Рудник САСА обезбеди парични бонуси и пригодни подароци за сите вработени, како признание за нивното залагање и посветеност во работата. Дополнително, додеделени се и посебни награди за особен придонес во безбедноста и здравјето при работа, како и во остварувањето на производствените планови.
Во продолжение изјавите од овој настан.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*