Со концерт на Наташа Беквалац заврши Каменичко Културно Лето

Со завршен концерт на балканската звезда Наташа Беквалац, означен крај на Каменичко културно лето. Градскиот плоштад во градот кој славеше троен празник, синоќа беше претесен да ги собере љубителите на музиката на Беквалац, пред чиј настап свое претставување имаа Анета Молика, како и новата атракција за младите „2Бона“. На Каменичко културно лето настапија и младите играорци од Културно-уметничко друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица и нивните гости од Медвеѓа, Р Србија, кои, како што истакна претседателот на КУД „Разиграно коло“, Бојана Лакошиќ, за прв пат гостуваа во Македонска Каменица.
 
-Прв пат сме во Македонска Каменица, домаќините се навистина љубезни, многу добро не пречекаа, имаме прекрасна соработка со нив, овде се претставивме со три кореографии, игри од Лесковац, од околината на Књажевац и Вртлог, истакна Лакошиќ.
На заврниот дел од настанот свое обраќање имаше и градоначалничката Соња Стаменкова.
 
-Во мое лично име на сите граѓани им го честитам големиот ден, голем Богородица, нашат заштитничка. Особена чест и задоволство ми е што сме домаќини на ваков културен настан кој е еден од најголемите во регионот. Имавме изведувачи кои ги одбравме внимателно затоа што знаевме дека вие ги сакате и за кои сакам да се заблагодарам на генералниот спонзор на овој настан Рудник САСА, истакна Стаменкова.
Во првата вечер на Каменичко културно лето претходно свој настап имаше екс-ју составот Галија и групата Тропико бенд. Според слободна проценка концертите во двете вечери на градскиот плоштад ги проследија над 10 илјади посетители.

Со концерт на Наташа Беквалац означен крај на Каменичко Културно Лето

Со концерт на Наташа Беквалац означен крај на Каменичко Културно Лето

Posted by delcevo365.mk on Thursday, August 29, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*