Вкупно 117 ученици ќе посетуваат настава во прва година гимназија во Делчево

Со нови 117 ученици кои се запишаа во прва година во делчевската гимназија, по подолг временски период, средното општинско училиште ,,Методи Митевски-Брицо”, учебната година 2019/20 ќе ја започне со повеќе ученици во однос на минатата година. Како што информираше директорот Љупчо Прачкоски, со цел поквалитетен образовен процес, годинава тековните активности кои ги планира професорскиот колегиум ќе продолжат со побогат интензитет и поопфатна програма.
 
-Освен теоретскиот дел во наставата планираме оваа година да овозможиме и практика, со цел учениците да ја почувствуваат работата и на самата струка која по завршувањето на средното образование ќе ја изберат. Од годишната програма, може да кажеме дека оваа година имаме поголем број на ученици кои се запишани, вкупно 117. Добро е што во стручните паралелки, годинава расте процентот на запишани ученици, информира Прачкоски.
 
Додава, дека со ова зголемување, полека и постепено гимназијата оди напред, со тоа што се овозможува на стручните паралелки подобро да бидат афирмирани и во градот и во средината.
 
Од претстојната учебна година, како што дополни Прачкоски, се зајакнува и соработката со локалниот бизнис-сектор.
 
-Веќе има пријавено двајца од бизнисмените кои што сакаат практичниот дел на работата да се одвива, со нивниот упис во прва година. Ова особено се однесува во стручната текстилна паралелка и во прехранбената паралелка. Ова е еден од битните чекори во време кога се зголемува интересот на учениците за стручните паралелки. Со самото тоа што бизнисмените се заинтересирани и веќе ни даваат одредена поддршка, очекуваме и реализација на поголем број на активности, дополни Прачкоски.
 
Најголем дел од учениците во делчевската гимназија и годинава се определија за општа гимназиска насока, а веднаш по неа најбројни ќе бидат учениците во природно-математичкото подрачје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*