Голем број на жители на Делчево со стомачни тегоби

Зголемен број на лица со стомачни тегоби во Делчево. Повраќање, течни столици и непријатност во стомакот се само дел од симптомите на кои поголем број на граѓани се пожалиле во изминатиот период. Како превентива за заштита од ваквата појава, матичните лекари советуваат на избегнување на најтоплите часови без потреба како и хидрирање со исправна вода за пиење, електролитна терапија и соодветна исхрана.
 
-Има зголемен број на сограѓани со симптоматологија од гастроинтестинален тракт, повраќање, течни столици како и непријатност во стомакот со дување и гасови. Затоа се препорачува внес на вода која е бактериолошки исправна. Водата што се консумира не треба да биде од бунари и чешми за кои немаме податок за исправност на вода и избегнување на најтоплите часови без посериозна потреба, велат матичните лекари и вработените во Итна медицинска помош.
 
За да се спречи дехидрирање, како најдобар лек за ваквата состојба, додаваат дека најдобро е да се пие вода до 2 питри дневно.
 
-Хидрирањето е лек за летото и затоа внес на вода до 2 литри е неопходност во летните месеци. Секако кон превенцијата спаѓа и редовното земање на хроничната терапија, додаваат делчевските лекари.
 
Пациентите кои што се пожалиле на стомачен вирус биле од најразлична возраст, а како најчеста причина се посочува пиењето вода од бактериолошки неисправни извори на вода.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*