Локализиран пожарот во Беровско

Локализиран пожарот кој вчера попладне го зафати атарот на селата Мачево, Будинарци и Владимирово. Според информациите на Владо Клинчарски, раководител на ЈП „Македонски шуми“- подружница „Малешево“, пожаротбил изгаснат синоќа околу 1 часот по полноќ.
 
-Во пожарот кај месноста „Габеро“ се опожарени 15-16 хектари шумско земјиште со зафатени поединечни шумски стебла од млад црн бор и смрека, како и опожарени необработливи пасишта со стара трева. Иако во близината на пожарот имаше колиби, за среќа нема жртви и материјална штета, бидејки во акцијата за гаснење не се дозволи, пожарот да се приближи до објектите. Пожарот беше локализиран синоќа нешто по полноќ, информира Клинчарски.
 
Додава, дека во акцијата активно е вклучиле сите надлежни институции и месното население, со што пожарот бил локализиран за мошне краток период.
 
-Голема благодарност до месното население од Мачево, Владимирово и Будинарци, до нашите екипи кои беа составени од 30-40 луѓе, до вработените во МВР, до противпожарната единица од Берово, до општина Берово и градоначалникот кој се вклучи во акцијата за гаснење на пожарот, додаде Клинчарски.
 
Екипи на ЈП „Македонски шуми“ – подружница Малешево, утрово по направената обиколка на теренот констатирале дека пожарот е целосно изгаснат и дека нема опасност од негово повторно појавување

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*