Фудбалот во истокот од државата веќе од поодамна е во криза. Откако АМС ги укина ОФС Пробишти, ОФС Штип, ОФС Кочани и други, се чини со забрзани чекори замира фудбалот во овој дел од државата.
Одлуката на АМС е оправдана бидејќи во овие сојузи веќе од поодамна нема општинска лига, а сега ситуацијата е уште полоша.
Имено поради недоволен број екипи, Третата лига Исток и Третата лига Југоисток се споија во еден за да како така „скрпат“ една лига.
Е во оваа лига нема две имиња кои изминатите години играа в третата лига, а во минатото и во Првата лига.
Тоа се екипите на Брегалница Делчево и Рудар Пробиштип. Овие екипи не се пријавија за настап во Третата лига, а сооглед на тоа што екипата од Делчево дел од своите младински категории ги префрли во Каменица САСА, а Рудар пак и ги нема, работата води кон тоа дека се заканува потполно згаснување на клубовите.
Екипата на Брегалница од Делчево во својата историја има настапува и во ПМФЛ, и тоа две сезони, 2002/03 и 2003/04. Додека пак Рудар има уште поголем стаж меѓу прволигашите каде мина пет сезони во период од 1992 до 1997 година.
Превземено од sportklub.mk
Leave a Reply