Видео: Пијанечко-малешевска свадба 2019

Во организација на Културно-уметничкото друштво ,,Гоце Делчев, во Делчево се одржува 13-тото издание на манифестацијата ,,Пијанечко-малешевска свадба”.. Под превезот на старите свадбарски обичаи, денеска на стар автентичен својата љубов ја крунисаа младите Наталија Богатинова и Александар Петровски од Делчево.

На почетокот од денешните активности, тие беа примени од градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој посакувајќи им долг и среќен заеднички живот, им врачи парична награда на младите.
 
-Во оваа прилика сакам да го истакнам значењето на почитувањето на традицијата, која го чува нашиот идентитет, посебно свадбарските обичаи од Пијанец, кои под влијание на новото време се во опасност од исчезнување. Традиционалната Пијанечко-малешевска свадба ги афирмира и чува од заборав свадбарските обичаи од нашиот крај. На младоженците им посакувам долг и среќен заеднички живот и многудетно семејство, рече Трајковски.
 
На приемот кај градоначалникот, освен младите и сватовите, денеска беа и делегации од културно-уметнички друштва од Јагодина,Р. Србија, Бургас-Р. Бугарија и од Турција.
 
Свадбарските адети ќе продолжат за време на свадбарскиот ручек, а на летната сцена со почеток во 12.00 часот, фолклористи од земјава и странство ќе настапуваат на 43-иот Меѓународен фолклорен фестивал. Саемот на храна кој е инкорпориран во оваа манифестација со цел да се афирмираат и старите делчевски рецепти за храна e во организација на „Тернипе-МК“ со поддршка на Општина Делчево.

Делчево пулсираше во ритамот на 13-тата „Пијанечко-малешевската свадба“ и "Делчево фест 2019"

Posted by delcevo365.mk on Saturday, September 7, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*