Во тек постапка за заштита на локалитетите кај Стамер и Ѕвегор

Откако Министерството за животна средина и просторно планирање согласно со Законот за заштита на природата,  неодамна го прогласи спелеолошкиот објект Киселичка пештера која се наоѓа на подрачјето на општина Делчево, во селото Киселица за природна реткост, од општина Делчево информираа дека во тек е постапка за заштита на уште два локалитети.
– Станува збор за локалитетот кај Стамер кое е познато палеонтолошко наоѓалиште на пикерминска фауна, како и карактеристичниот геолошки профил кај Звегор. Согласно со решението за прогласување за природна реткост, претходно Киселичка пештера е прогласена за природна реткост со која ќе управува Општина Делчево. Во рамки на своите надлежности за управување со Киселичка пештера, наша цел ќе биде да се спречи нејзино оштетување, уништување, како и да се спречи извршување на други активности, од страна на физички и правни лица со кои директно или индиректно може да се загрози природната реткост, информираа од Општината.
 
Меѓу обврските кои ги налага управувањето со природната реткост, како што дополнија од Општината, ќе се спроведат заштитно-превентивни мерки, но и ќе се преземат активности за уредување на просторот преку поставување информативни табли во близина на пештерата.
Претходно, во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) координиран од Helvetas Swiss Intercooperation и Фармахем, во партнерство со Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР), Општина Делчево изработи три елаборати за валоризација на оваа природна реткост.
 
Прогласувањето на останатите два локалитети за природна реткост, според очекувањата на локалните власти, ќе придонесе за заштита на значајните локалитети, но и нивно ставање во функција на туризмот која е приоритетна цел во ЛЕР на Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*