Регионалниот центар за застапување од Делчево како имплементатор на проектот „Едукативен центар за БЗР во Источен плански регион“ ја започнува иницијативата за формирање Регионална мрежа за безбедност и и здравје при работа. Иницијативниот состанок ќе се одржи на 13.09.2019 (петок) со почеток од 11 часот во просториите на Мултифункционалниот центар во просториите на Општина Делчево.
Како што информираше, координаторот Родне Деолска, состанокот е наменет за сите заинтересирани страни кои сакаат да се вклучат во формирање на мрежата, односно, невладини организации, бизнис сектор, локални и надлежни институции, експерти од областа на трудовото право и безбедноста и здравјето при работа, граѓани и медиуми од целиот источен регион.
-На состанокот присутните заедно со надворешен експерт ќе го спроведат процесот на воспоставување на мрежата и ќе ги креираат пропратните документи, од кои ќе произлезе меморандум за формирање на мрежи и акциски план за едногодишно делување на мрежата, информира Деолска.
Целта на формирањето на една ваква мрежа како што додава, е да се мобилизираат сите засегнати страни кои работат или имаат интерес во делот на безбедноста и здравјето при работа.
-Истите понатаму ќе преземаат иницијативи за промотивни активности во делот на БЗР во регионот. Воедно ова ќе биде прва формирана регионална мрежа за БЗР во Македонија, додава Деолска.
Проектот се спроведува во партнерство со МЗЗПР, а е финансиран од Европската Унија.
Leave a Reply