Со поддршка на АППТ ќе се промовираат туристичките атракции во Берово и Пехчево

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, денес оствари средба со градоначалниците на општините Берово и Пехчево, Звонко Пекевски и Драган Тренчовски на која главна тема на разговор беше промоцијата на двете најисточните градови Пехчево и Берово преку одржливост на дестинациите со развој на туристички проекти.
На средбата, Пекевски и Тренччовски покажале спремност и одлучноста на институциите да се работи активно на развојот на нови туристички атракции, кои заедно со веќе постоечките би биле мотор во локалната економија, би се зголемиле локалните туристички бизниси и би се отвориле нови работни места.
 
Туристичките капацитети во Берово и Малешевијата, локалитетите Равна Река, Спиково и Пехчевските водопади се едни од најпосетените атракции од туристите од регионот, и истите ќе се промовираат на саемите во Бугарија и Србија 2020г.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*