ЈЛБ ,,Илинден” ги подобрува услугите за читателите

Од јануари 2019 година, па до крајот на август годинава, Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево купила вкупно 1020 книги, односно 270 наслови. За обновувањето или збогатувањето на својот книжен фонд, како што информираше директорката Билјана Петровска, библиотеката потрошила 213.745 денари.

-Од вкупниот број набавени книги 74 наслови или 207 книги се детска литература а 68 наслови или 188 броја се лектирно издание, дел стари и дел нови лектири. ЈЛБ „Илинден“ ќе продолжи да набавува, се што е ново, актуелно и интересно и секако се што е на барање на читателите, рече Петровска.

Од официјалниот список со лектири што го дава Министерството за образование, библиотеката ги има набавено околу 80% од лектирите кои ќе се обработуваат оваа учебна година.

-Доколку на барање на учениците, наставниците и директорите од основните и средното училиште во градот, се потребни нови наслови на лектири, библиотеката ќе ги купи и ќе бидат на располагање на учениците кои се наши читатели, дополни Петровска.

Од библиотеката воедно ги известуваат сите читатели, особено студентите, дека од денес, читалната е климатизирана, а нејзините врати се отворени, секој работен ден од 7:30 до 18 часот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*