Делчевската гимназија го организираше вториот еднодневен камп на планината Голак

По теркот на европските образовни установи, втора година по ред на планината Голак се одржа еднодневен камп во организација на Средното општинско училиште „Методи Митевски-Брицо“ од Делчево. Како што информираше директорот на училиштето Љупчо Прачкоски, целта е ученците од прва година гимназија да осознаат еден поинаков вид на настава во природа.
 
-Кампот се оргазнизира за еден вид приближување на учениците меѓу себе. Целта е тие да се запознаат меѓу себе, да излезат и да ја запознаат природата и во исто време да научат многу работи, кои не се дел од програмата во самото училиште. Оваа година предвидуваме програмата да биде проширена со многу нови спортски игри, забава и рекреација со кои ќе бидат опфатени младите од прва година гимназија, истакна Љупчо Прачкоски.
За ученичката Кате Ристовска, ваквите активности се одлична можност и за покаѓување на талентот на учениците.
 
-Еве на пример, дел од учениците цртаме, некои спортуваат, имаме музика, имаме диџеи, останатите пешачат до врвот Чавка, потоа ќе се дружиме меѓу себе, така што сметам дека ова е една убава идеја, рече Ристовска.
Во рамки на еднодневниот камп, со поддршка на планинарот Љупчо Чучуковски, се реализираше и планинарски марш до врвот Чавка на планината Голак.
 
-Тоа е марш кој почнува од спортските терени, преку Тработивишка ширина, Бун Чешма, па се до врвот мала Чавка. Со учениците имавме и спортско-едукативен дел, во кој тие се натпреваруваа во тегнење јаже, одење во вреќа, како и баскет натпревари, со што на некој начин допринесовме овој настан да биде збогатен и со спортски активности, рече Чучуковски.
Во рамки на еднодневениот камп на планината Голак, беа доделени и награди за најдобрите во спортските натпревари, а потоа дружењето продолжи со литературно читање и заедничка веселба помеѓу учениците и професорите.

Во организација на СОУ „М.М.Брицо“ се одржа вториот еднодневен камп на Голак

Во организација на СОУ „М.М.Брицо“ се одржа вториот еднодневен камп на Голак

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, September 11, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*