Финишира проектот за родова еднаквост во општините Делчево, Берово и Пехчево

На информативна работилница во Берово презентирана Стратегијата за родова еднаквост за општините Делчево, Пехчево и Берово, како и Акциските планови за родова еднаквост за општина Берово. Анита Цоневска од Невладината организација „КХАМ“, која е координатор на проектот, истакна дека со овие работилници, се заокружува процесот на изработка на овие важни стратешки документи.
 
-Нашите очекувања се дека во периодот што следи овие документи ќе бидат донесени од страна на советите на општините. Сакам да ја искажам нашата огромна благодарност до членовите на Комисијата за еднакви можности (КЕМ) од трите општини, до општинската администрација и другите институции и НВО-и, кои несебично се залагаа и се вложија во процесот на изработка на Стратегија и Акциски планови за родова еднаквост, што всушност значи остварување на нашата главна цел со овој проект, истакна Цоневска.
Стратегијата како што информираат од имплементирачката организација предвидува четири приоритетни области на делување меѓу кои Човековите права и родовата еднаквост во областите политика и економија; Партиципација во креирање и имплементација на локални и јавни политики; Едукација на населението за родовата, како и Институционален развој и организациско јакнење на комисиите за еднакви можности во регионот.
 
Претходно информативна работилница се одржа и во општина Пехчево, додека за општина Делчево презентацијата на овие документи заврши при крајот на месец јули.
 
Проектот „Со стратегија и локални акциски планови, до еднакви можности за жените и мажите во општините Делчево, Берово и Пехчево“, финансиски е поддржан од Квина тил Квина и ЕУ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*