Прв состанок од иницијативата за регионална мрежа за безбедност и здравје при работа во ИПР

Регионалниот центар за застапување од Делчево, како имплементатор на проектот „Едукативен центар за Безбедност и здравје при работа во Источен-плански регион“ ја започнува иницијативата за формирање Регионална мрежа за безбедност и и здравје при работа. За таа цел како што информираше координаторот Родне Деолска, денес во Делчево се одржа состанок на кој присуствуваа сите заинтересирани страни кои ќе бидат дел од оваа мрежа.

-Состанокот беше наменет за сите кои сакаат да се вклучат во формирање на мрежата, односно, невладини организации, бизнис-сектор, локални и надлежни институции, експерти од областа на трудовото право и безбедноста и здравјето при работа, граѓани и медиуми од целиот источен регион. На состанокот присутните заедно со надворешен експерт започнаа со спроведување на процесот на воспоставување на мрежата, преку креирање на пропратните документи, од кои ќе произлезе меморандум за формирање на мрежи и акциски план за едногодишно делување на мрежата, информира Деолска.

Целта на формирањето на една ваква мрежа, како што додава, е да се мобилизираат сите засегнати страни, кои работат или имаат интерес во делот на безбедноста и здравјето при работа.

-Истите понатаму ќе преземаат иницијативи за промотивни активности во делот на БЗР во регионот. Воедно, ова ќе биде прва формирана регионална мрежа за БЗР во Македонија, додава Деолска.

Проектот се спроведува во партнерство со МЗЗПР, а е финансиран од Европската Унија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*