По пет месеци макотрпна работа со помош на хуманите граѓани од Малешевијата и наши иселеници, домот на семејство Мирчовски од село Русиново кој на 23 март годинава изгоре во пожар, од денес повторно е осветен и спремен за нов почеток на семејството кое брои 12 члена. Највозрасниот член на семејството Здравко Мирчовски во изјава за нашиот портал не можеше да ја опише благодарноста кон сите кои придонесоа семејство повторно да се издигне од пепелта.
– Сега сме во подобра состојба со изградена куќа, со сместени дечиња, внучиња, така да сме сите веќе можам да кажам обезбедени со кров над глава. Доста сме благодарни од мештаните, пошироко од нашите мештани од државата и дијаспората. Има доста луѓе кои многу ни помогнаа. Немаме зборови сето тоа да се каже, самата слика го кажува чинот на хуманост, истакна Мирчовски.
По 5 месеци од опожарувањето на куќата во месец март, 12 членото семејство од село Русиново денес се вселува во новиот дом, кој со помош на хуманите граѓани се возобнови
Posted by delcevo365.mk on Saturday, September 14, 2019
Убаво е да се видат вакви фотографии кога после дождот доаѓа сонце. Со oна што го направија хуманите граѓани за 5…
Posted by delcevo365.mk on Saturday, September 14, 2019
Leave a Reply