ФК „Брегалница Делчево“ денес гостува во Виница

Денес во рамки на 1-то коло од Третата фудбалска лига Исток, екипата на делчевска Брегалница му гостува на тимот на ФК „Слога Виница.
 
Фаворитската улога ја има екипата на „Слога 1934“ од Виница која со доведување на квалитетни играчи значително ги појача своите редови во овој летен преоден рок.
 
Натпреварот започнува во 16 часот, а ќе се одигра на Градскиот стадион во Виница.
 
По една седмица одложување, денес со почеток од 16:00 часот ќе се одиграат и останатите натпревари во Трета Фудбалска Лига – Југ. Иако порано екипите од Делчево и Виница се натпреваруваа во Источната конкуренција, за годинешното првенство во Третолигашката конкуренција за регионот Југ, се приклучија четири екипи од Истокот.
 
Долго време „висеше“ учеството на тимот од Делчево во третолигашката конкуренција, но во конструктивен дијалог со локалната самоуправа се изнајде начин, „сениорите“ на ФК „Брегалница Делчево“ да учествуваат во третолигашкото првенство за регионот Југ.
 
Покрај натпреварот помеѓу ФК „Слога 1934“ и ФК „Брегалница Делчево“ во првото коло од Третата фудбалска лига- Југ се среќаваат:
 
  • Дојранско Езеро – Овче Поле
  • Спартмани (Балдовци) – Василево
  • Младост (Удово) – Тиверија
  • Малеш – Раклиш 2015 сениори
Во првото есенско коло слободна е екипата на „Детонит“ (Радовиш).
 
Наша прогноза за натпреварот во Виница е 0:1 во корист на екипата од Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*