Одржан меморијален натпревар во спортски риболов

Во организација на Спортско риболовно друштво ,,Брегалница”, кај езерскиот комплекс ,,Сандански”, се одржа најавениот меморијален спортски натпревар во риболов на крап. Како што информираа од Спортско риболовното друштво Брегалница на настанот учествувале вкупно 12 спортски риболовци.

-Натпреварот во спортски риболов на крап годинава имаше меморијален карактер во чест на Виктор Аралампиевски и Александар Захариев. На истиот учествуваа вкупно 12 натпреварувачи, а за најдобрите следуваа награди. Првото место му припадна на Ванчо Стојмирски, второпласиран беше Методи Дуовски, додека третонаграден Драган Лазаревски, соопштија од СРД ,,Брегалница”.

Од друштвото се заблагодарија на спонзорите Брегал, Фротирка и Ва Мо Мобиле.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*