Кристијан Воденски најдобар на турнирот во Граплинг

Кристијан Воденски, неуморниот ,,фајтер” со корени од беровско Русиново и Струмица, денес со ,,три од три” победи, освои златен медал на турнирот кој како дел од Германската Детска Граплинг лига се одржа во градот Aschaffenburg.

Воденски на турнирот настапи како дел од екипата на Pyranha MMA под водство на тренерот Omar Picchiotti. Тој во изминатите неколку години е најдобар на овој турнир без изгубена борба.

За младиот Кристијан е важно да се спомене дека е германски НАГА шампион во сезоните 2014, 2015 и 2016, Европски НАГА шампион во 2014 и 2015, НАГА шампион од Монако во 2015 година, ИСКА К1 шампион од 2015 и ВКУ кик-боксинг шампион од 2015 и 2016 година. На овие успеси можат да се придодадат уште многу други кои секако не се за потценување.

На Кристијан Воденски му честитаме за денешната победа и му посакуваме уште многу успеси во понатамошните борби.

Линк од натпреварот

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*