Ќе се реконстурира крак од улицата „Кеј на Брегалница“

Потпишан договорот со Министерството за локална самоуправа со кој Општина Делчево доби средства од Буџетот на РСМ за поддршка за имплементација на Стратегијата за Ромите.
 
Средствата во висина од 159.244,5 денари, согласно со Локалниот акциски план за подобрување на состојбата на Ромите во Делчево, се наменети за реконструкција на крак на ул. „Кеј на Брегалница“ во должина од 80 метри со што ќе се реши тесното сообраќајно грло во населбата.
 
Во Буџетот на РСМ за поддршка на имплементацијата на Стратегијата на Ромите се предвидени вкупно 3 милиони денари за 16 општини.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*