Во Делчево успешно завршена кампањата ,,Твоето незнаење, чини живот”

Со делење флаери со едукативна содржина за значењето на првата помош и показна вежба за укажување прва помош при сообраќајни незгоди, Општинската организација на Црвен крст Делчево, означи крај на активностите, како дел од кампањата ,,Твоето незнаење, чини живот”.

На завршниот настан од оваа кампања, како што информираше Билјана Георгиевска, претседател на Црвен крст Делчево, активно учество зедоа и членови на Клубот на млади при Црвен крст Делчево.

-Со цел да се подигне свеста на граѓаните во делот на намалување на бројот на жртви при сообраќајни несреќи, во рамки на последниот ден од оваа кампања, Клубот на млади активно се вклучи во завршните активности, со тоа што преку делење флаери на непосреден начин, ги информираше граѓаните околу важноста за укажувањето прва помош. Исто така, се одржа и показна вежба, на која беа презентирани начините за укажување прва помош при сообраќајни незгоди, рече Георгиевска.

Додаде, дека кампањата била успешно спроведена, со опфатени над 300 вработени во јавните институции.

-Овие луѓе беа дел од вкупно шестте освежителни курсеви по прва помош, кои се спроведоа, со вработени во делчевската библиотека, Центарот за култура, противпожарната единица, основните и средните училишта, како и единицата на локалната самоуправа, додаде Георгиевска.

Завршниот настан од кампањата ,,Твоето не знаење, чин живот”, се совпадна со одбележувањето на Светскиот ден на прва помош.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*