Крводарителска акција во Пехчево

Под мотото ,,Вашата крв спасува живот”, денес во Пехчево се спроведува редовна крводарителска акција за месец септември. Борис Панев од Центарот за трансфузиологија од Штип, очекува на денешната акција да бидат донирани 40 крвни единици.

-Акцијата ја спроведуваме во соработка со Здравствениот дом во Пехчево и можам да кажам дека сме задоволни од досегашниот одзив. Досега имаме 24 дарувања, а очекуваме во текот на денот, бројката да се искачи на 40 крвни единици, истакна Панев.

Очекувањата на Здравствен дом Пехчево се дека до крајот на годината, ќе биде остварен годишниот план за работа, со кој се предвидени 200 крвни единици на годишно ниво.

Од Центарот за трансфузиологија од во наредниот период најавија уште две крводарителски акции. Првата ќе се одржи со хуманите граѓани на Берово и ќе биде редовна, додека кон крајот на месец септември, ќе се одржи и вонредна крводарителска акција во Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*