По повод „Европската недела на мобилност“ Општина Берово на 23 септември (понеделник), организира „Ден без автомобили”. Целта на настанот, како што информираат организаторите, е да се охрабрат граѓаните, користењето на автомобили да го заменат со пешачење или користење на велосипеди.
-Престојната активност, ќе ја предводат учениците од Основните и средното училиште од Берово, со возење на велосипеди, а се очекува да им се приклучат и граѓаните. Стартот на дефилето е од пред деветолетката,,Дедо Иљо Малешевски”, а маршрутата на движење понатаму продолжува по улица „Маршал Тито“, потоа до Градскиот музеј, улиците „Мирче Ацев” и „Моша Пијаде”, се до раскрсницата кај диско клуб Калипсо. Маршрутата на движење ќе заврши во близина на улицата кај полициската станица, и улиците ,,Партизанска” и „Маршал Тито”, каде велоспиедистите повторно ќе се вратат пред деветолетката ,,Дедо Иљо Малешевски”, информираа од Општина Берово.
За безбедно одвивање на настанот, додадоа дека предвиден е прекин на сообраќајот на улица „Маршал Тито“, пред основното училиште, во траење од 12:00 до 14:00 часот.
Стартот на таканаречениот настан „Ден без автомобили“ е е закажан во 13 часот.
Leave a Reply