Продолжуваат хуманите акции на ЛК СДММ од Делчево. Како што информираше претседателот на ЛК СДММ Делчево, Никола Тренчевски акцијата се реализирала во соработка со нивни пријатели од Швајцарија.
-Денеска го посетивме семејството Јосифовски кое што живее во навистина тешки услови, заедно со наши пријатели кои живеат во Швајцарија дониравме машина за перење алишта. Во наредните денови продолжуваме со хуманитарните акции со цел да помогнеме онаму каде што е потребно, но истовремено и да ја поттикнеме хуманоста кај нашите сограѓани, истакна Тренчевски.
Ваквите акции како што додаде, ќе продолжат и во текот на утрешниот ден.
Leave a Reply