Започнуваат ракометните возбудувања во Делчево

В сабота започнуваат ракометните возбудувања во Делчево. Во спортската сала М. М. Брицо нови ракометни возбудувања ќе им приредат пионерките и кадетите на РК ,,Делчево”.

Пионерките на домашен тенер во 12:00 часот ја пречекуваат екипата на ЖРК ,,Куманово”, додека кадетите во 14:00 часот го играат првото коло против екипата РК Тиквеш од Кавадарци.

Од РК ,,Делчево” ги покануваат сите љубители на ракометот со масовно присуство да ги поддржат младите ракометари во походот кон нови победи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*