НВО ,,КХАМ” започнува акција за помош на Суби и Шерифа Назифови

Поради влошена здравствена состојба, невладината организација ,,КХАМ” од Делчево започна акција за помош на семејството Назифови од Делчево. Се работи за брат и сестра кои со својата позитивност и дружељубивост се препознатливи лица меѓу граѓаните на Делчево. Од невладината ,,КХАМ”, која денес го посети ова семејство, велат дека се работи за луѓе на кои навистина им треба помош и надеж за подостоинствен живот.

-Активистите од терен, не информираа дека здравствената состојба им е влошена па решивме веднаш да ги посетиме. Од нашата посета може да кажеме дека Суби Шерифов, се гледаше дека имаше болки. Ги проверивме решенијата од Центарот за Социјални Работи Делчево и утврдивме дека братот и сестрата заедно примаат 7.600 денари што е премалку за егзистенција и лекување, велат од НВО ,,КХАМ”.

Шерифа со растреперени раце и ортопедскиот бастун со голема желба да му помогне на својот брат кој е во постела.

-Тешко е веќе подолго време Суби е во кревет, болеста му напреднала, немаме пари за лекување, немаме дрва, живееме од социјалката која ја добиваме од Центарот. Не знам како ќе се згрееме оваа година, а мора да одиме во Кочани и Штип по болници, по специјалисти, таксистите не возат на вересија, нема од каде да платиме. Не исцрпи тешкиот живот и немаштијата, а мора да одам за Скопје во Болница и за женски болести, вели Назифова.

Од ,,КХАМ” додадоа дека ќе направат се што е во нивна можност, за подобрување на животот на овие луѓе.

Сите добронамерни граѓани своите донации можат да ги достават во просториите на Општинската организација на Црвен крст во Делчево или да ја контактираат канцеларијата на НВО ,,КХАМ” во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*