Делчевци повторно се покажаа умешни во игрите на среќа откако нашиот сограѓанин Миле Тодоровски ,,гребејки” од инстант лозовите на Лотарија на Македонија ,,изгреба” еко тротинет од инстантот Еко скутер. Среќниот лоз го купил од продажното место Вера НБ. Како што изјавил за Државна Лотарија, неговиот син одејќи накај училиште, секој ден го гледал тротинетот изложен пред продажното место и посакал да го има, и заедно со татко му купиле 2 инстанти. Уште на првиот се појавиле трите симболи на скутерот. Тој е многу радосен, бидејќи долго време посакувал еден ваков тротинет.
Нека им е со среќа возењето на новата електрична ,,играчка”!
Leave a Reply