,,Амброзија” избира најдобра ЕКО порака

Во рамки на проектот ,,Младите и природата-партнери за иднината”, здружението ,,Амброзија” од Пехчево” го распиша конкурост за избор на најдобра еко-порака. Конкурсот, како што информираше Јасминка Пашалиска – Андоновска од здружението ,,Амброзија”, ќе трае до 04 октомври оваа година.

-Чест и задоволство ни е да ве поканиме да учествувате во конкурсот за избор на најдобра ЕКО порака, „Напиши порака до природата“ кој ќе трае до 04.10.2019година.
Критериуми за учество во конкурсот се: Еко пораките да бидат оригинални со еко мотиви (цртеж, и стилизиран слоган) по избор на испраќачот. Секој учесник може да учествува со повеќе еко пораки. Доставените еко пораки да се во оригинален JPG или друг формат, со максимална големина до 5MB, краток опис за темата и име и презиме на учесникот, соопшти Пашалиска Андонова.

Изборот на најдобра ЕКО порака како што додаде, ќе го изврши посебна Комисија формирана од Здружението „Амброзија“ – Пехчево “, рамки на проектот „Младите и природата- партнери за иднината“.

-Трите најдобри пораки ќе бидат испечатени на маичка во оригинал – со ракописот на авторот и ќе бидат поделени на учесниците на Еко Хепенингот кој ќе се одржи во текот на ноември 2019 година.Од ,,Амброзија” ги охрабруваат сите ученици од 6то до 9то одделение своите ЕКО пораки со опис за ЕКО порака и име и презиме на кандидатот да ги испратат на centar.ambrozija@gmail.com најдоцна до 04.10.2019 година (петок) до 16:00 часот, дополни Пашалиска Андоновска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*