Во тек подготовките за натпреварот „Млади библиотекари“

Библиотекарското здружение на Македонија, традиционално го организира Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ дваесетти пат по ред. За таа цел, како што информираше директорката Билјана Петровска во Јавната локална библиотека „Илинден“, започнаа подготовките околу учеството на наши претставници на овој натревар.

-Според правилата за организирање и спроведување на натпреварот, учество можат да земат ученици и членови на локалните и училишните библиотеки на возраст до 14 години. Победниците од општинските натпревари учествуваат на Републичкиот натпревар. За точниот датум и местото на одржување на Општинскиот натпревар, сите заинтересирани ќе бидат дополнително и навреме информирани, а најдоцна до 20 октомври 2019 година, по договор со основните училишта во М.Каменица и Делчево.

За реализација на Општинскиот натпревар, библиотеката, како што додаде Петровска, ќе се формира тричлена комисија, која се грижи за правилностите по натпреварот.

Учесниците на натпреварот, т.е. пријавените за натпреварот, треба да одговорат писмено на 20 прашања од Прирачникот за подготовка на кандидати за натпреварот „Млади библиотекари“, за време од 60 минути.

Трошоците околу натпреварот се на товар на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.

Во тек подготовките за натпреварот „Млади библиотекари“

Во тек подготовките за натпреварот „Млади библиотекари“

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, September 24, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*