Дефиле за Промоција на хуманите вредности во Делчево

Под мотото „дефилирај, не се фолирај“, денес младите членови на Општинската организација на Црвен крст – Делчево, со полчасовно дефиле низ улиците на градот, се вклучија во одбележувањето на Неделата на Промоција на хумани вредности. Како што истакна, Билјана Георгиевска, претседател на Црвен крст Делчево, овие активности веќе 20 години се имплементираат во Македонија, а целта е младите волонтери да се научат на активен однос кон животот, преку изработка на мали проекти за добробит на заедницата.
-Преку принципите и вредностите на ЦКРСМ, во програмата ги вклучуваме младите, кои преку проектите градат заемно разбирање, толеранција и култура на дијалог. Работат тимски, ја користат својата креативност и младешки дух, за да помогнат, на оние кои им треба помош. Притоа сакаме да промовираме култура на ненасилство, мир и толеранција. Се надевам дека бројот на млади волонтери ќе се зголемува и догодина ќе бидат поуспешни, истакна Георгиевска.
 
Во денешната активност, како што дополни волонтерот Михаела Маџовска, освен ученици од основните и средните училишта, се вклучи и Дневниот центар за лица со посебни потреби.
 
-Овие ПХВ проекти, како и во другите, беа организирани и во нашата општинска организација. Имавме вклучено околу 50 млади волонтери, кои во текот на годината, помагаа на различни категории граѓани и семејства од нашиот град, дополни Маџовска.
Моментално во делчевскиот Црвен крст, се вклучени над 100 млади волонтери, кои секоја година реализираат голем број проекти од ЦКА-ПХВ програмата.

Дефиле за Промоција на хумани вредности во Делчево

Дефиле за Промоција на хумани вредности во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, September 25, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*