Форум на тема: Перспективите на родовата еднаквост во општините Делчево, Берово и Пехчево

Во Делчево денес се одржа форум за перспективите на родовата еднаквост во општините Делчево, Берово и Пехчево. Целта на форумот, како што изјави Анита Цоневска од НВО „КХАМ“, е да се проговори за родовите перспективи во овие три општини.
 
-Исто така една од главните цели е да се дадат препораки за ефективна и ефикасна имплементација на стратешките документи, како што се заедничката стратегија за родова еднаквост за овие три општини и посебните акциски планови, рече Цоневска.
Усвојување и операционализација на стратешките документи во пракса, како што додаде е следниот чекор од овие активности.
 
-И тоа како е потребно документите да заживеат и во пракса. Нормално дека треба во планирањето на буџетите на општините за наредната година да се планира буџет и за работа на комисиите за еднкави можности, односно донесените акциски планови, додаде Цоневска.
 
Експертот Марио Вељковиќ, кој работеше на оваа проблематика во изминатите неколку месеци истакна дека заокружувањето на овој процес, ќе значи дека женскиот род и сите можности што значат вклучување на жените во јавниот живот, ќе бидат во потполност реализирани во овој регион.
-Ова резултираше со тоа што процесот кој се спроведуваше во изминатите неколку месеци беше динамичен, отворен и партиципаторен. Динамичен затоа што во краток рок се постигнаа многу нешта, партиципаторен затоа што сите заинтересирани страни, најмногу комисиите, но и општинските совети дадоа свој придонес и успешен, затоа што во краток рок се подготвија четири документи, Стратегија и Акциски планови за сите 4 општини. Со еден збор самите општини си креираа документи во интерес на родовата еднаквост, кои очекуваме да се усвојат во сите општини, истакна Вељковиќ.
Форумот како завршен настан, е дел од проектот „Со стратегија и акциски планови, до родова еднаквост во општините Делчево, Берово и Пехчево, имплементиран од Невладината организација „КХАМ“ и поддржан од Европската Унија и фондацијата „Квина тил квина“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*