Продолжува донирањето за доизградба на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево

Продолжува донирањето за доизградба на собирниот храм ,,Св.Кирил и Методиј” во Делчево. Откако првата поголема парична донација пристигна од делчевскиот градоначалник, неговиот пример го следеа и останати вработени во локалната самоуправа.
 
Доизградбата на соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ е во завршна фаза. Со поддршка од донаторот Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“, изградена е фасадата на црквата, а поставени се и влезните врати кои се донација од фирмата ДООЕЛ „АлДариво“ од Пехчево.
 
Неодамна Општина Делчево отвори посебна сметкa, на која ќе можат да се уплаќаат донации за доизградба на соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. Донации можат да уплаќаат и правни и физички лица.
 
Фирмите, односно приватните компании, средствата можат да ги уплаќаат на сметката:
 
7200140320785И0
приходна шифра:744111
програма: 00
 
Додека физичките лица на следната сметка:
 
7200140320785И0
приходна шифра: 744211
програма:00

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*