Советот на Општина Делчево денес ќе одржи редовна Седница

29 Седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 27.09.2019 година (петок) во 14:30 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
 
За седницата е предложен следниот Дневен ред
 
-Усвојување на Записникот од 28.седница
 
Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за квартал 2 со Заклучок за усвојување.
 
Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за буџет.
 
Годишен план за вработување на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2020 година со Заклучок за усвојување.
 
Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево/
 
Годишен извештај за работата на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за 2018/2019 година со Заклучок за усвојување.
 
Образлагач: Љупчо Прачкоски-Директор на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево.
 
Годишен извештај за работата на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за 2018/2019 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Горан Велков-Директор на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево.
 
Годишен извештај за работата на ООУ „Св.Климент Охридски-Делчево за 2018/2019 година со Заклучок за усвојување;
 
Образлагач: Горан Димитровски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски-Делчево.
 
Одлука за давање согласност за измена на Статутот на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.
 
Образлагач: Билјана Петровска-Директор на ЈЛБ “илинден“-Делчево.
 
Измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општински патишта и улици во Општина Делчево за 2019 година.
 
Образлагач: Звонко Атанасов-Раководител на Одделението за урбанизам.
 
Годишен извештај за работа на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за учебна 2018-2019 година со Заклучок за усвојување;
 
Годишна програма за работа на ОЈУДГ „Весели Цветови“ за учебна 2019-2020 година со Заклучок за усвојување;
 
Образлагач: Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.
 
Предлог-Одлука за усвојување на Стратегија за родова еднаквост на регионот Делчево, Берово и Пехчево за периодот 2020-2022;
 
Акциски план на Општина Делчево за имплементација на Сратегијата за родова еднаквост за периодот 2020-2022;
 
Образлагач: По точките 10 и 11-Сузана Петровска-Координатор за еднакви можности.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*