Во рамки на младинските ракометни натпревари, денес Ракометниот клуб „Делчево“ беше домаќин на екипите на „Тиквеш“ од Кавадарци во машка кадетска и екипата на ЖРК Куманово во женска пионерска конкуренција. И на двата натпревари екипата од Делчево забележа убедливи победи, кои ја израдуваа домашната публика која во спортската сала при делчевската гимназија имаше можност да проследи добар ракомет. Како што истакна тренерот на Делчевци, Горан Велков, овие спортски натпревари беа вистински празник за ракометот во Делчево.
-Имевме два натпревари во кои девојките во второт коло во пионерска конкуренција победија со двоцифрена предност. Истото се случи и во кадетска конкуренција, каде против екипата на Тиквеш, иако бевме ослабени, во неполн состав. Се надеваме дека овој тренд на добра игра ќе продолжи во следните кола, рече Велков.

Тренерот на кадетската екипа на Тиквеш, Боби Ѓорѓиев истакна дека на натпреварот во Делчево победил поискусниот состав.
-Делчево е поискусна екипа, нашата екипа е помлада екипа и денес бевме ослабени со неиграњето на неколку играчи.Му честитам на колегата за победата. треба да тренираме понапорно и да се стремиме на подобри резултати, истакна Ѓорѓиев.

Во следното коло младинските екипи на Делчево играат на гостински терен. Пионерките, како што информираа од клубот од Делчево и гостуваат на екипата на ЖРК „Металург“ во Скопје, додека момчињата ќе одиграат натпревар во Неготино против кадетскиот тим на Вардар.
Leave a Reply