Во Македонска Каменица во тек хуманитарната акција “Погледни со срцето, стопли им ја душата!

Во Македонска Каменица започна хуманитарната акција „Погледни со срцето, стопли им ја душата”. Акцијата е во организација на хуманистот Дарко Гоцевски, кој како и многупати досега, апелира до хуманите граѓани масовно да се вклучат во акцијата за помош на 47 годишниот Ќиро Ангеловски од село Долна Цера.
 
-Ќиро Ангеловски е 47 годишен жител на село Долна Цера, кој пред неколку години го изгуби видот. Освен слепилото, дополнителен проблем му претставува, тоа што живее со неговата мајка која е немоќна и со сериозни здравствени проблеми. Во немоќност да одговори на секојдневните обврски, кои ги има еден човек на негова возраст, решивме да им помогнеме со тоа што започнавме акција за собирање парични средства, како и обезбедување на она што во моментот им е најнеопходно, вели Гоцевски.
Еден од најголемите проблемите за Ангеловски се обезбедувањето вода за пиење за него и неговата мајка. Поради слепилото, во состојба на темница, како што самиот вели, мора да пешачи и по 100 метри, што му го отежнува животот особено во зимски услови. За таа цел, за подобрување на квалитетот на живот за него и неговата мајка, вели дека средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат наменети за изградба на соба со тоалет, во близина на училиштето во с.Цера (Долна Цера).
 
-На тој начин ќе ми бидат олеснети многу работи, пред се, снабдување со вода, со храна, со превоз, ќе бидам во контакт со соселани и ако имам некаква потреба, ќе имам кому да му се обратам. За човек кој изгубил премногу во животот, ова е само мала светлина во мракот и се надевам дека вашите срца ќе се отворат слушајќи ја мојата приказна и ќе донирате во рамките на вашите можност, вели Ангеловски во својот апел до граѓаните.
 
Акцијата за помош на Ангеловски засега се одвива на социјалните мрежи преку донации на социјалните мрежи, а дополнително се разгледува начинот и за друга форма на помош. Досега како што соопшти хуманисто Дарко Гоцевски се обезбедени средства од неколку фирми и хумани граѓани кои изразија желба да му помогнат на семејството Ангеловски. 
Линк за донации овде!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*