Со стенд-ап комедија на Сашо Тасевски започна „Ин Виница Веритас 2019“

Уметноста е најголемиот амбасадор на вистината покрај виното, ова што се случува сега во Виница, посакувам да биде уште поамбициозно и да “пука“ на уште поголема целна група. Со овие зборови синоќа актерот Сашо Тасевски го отвори театарскиот дел од фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“, кој во наредните неколку денови на присутните ќе им понуди разни видови на уметничко изразување. Немајки сомнеж дека ќе помине прекрасно помеѓу публиката, Тасевски изрази задоволство, што Виница може да си дозволи еден врвен Европски фестивал, како што е „Ин Виница Веритас“.
 
-Немав сомнежи дека ќе поминам одлично, публиката е гладна за перцепција и рецепција на уметнички дела, знаев дека ќе имам добар фидбек, со сите тие незгодни ситуации, можеби не се навикнати на ваква интеракција, се зборува за непријатни теми и се кажуваат непријатни работи. Тоа што е добро во овој Фестивал е што е сестран и што нуди на публиката разни видови на уметничко изразување. Уметноста е најголемиот амбасадор на вистината покрај виното, ова што се случува сега во Виница, посакувам да биде уште поамбициозно и да “пука“ на уште поголема целна група. Општина Виница може да си дозволи да направи еден европски фестивал“, порача Тасевски на отворањето на театарскиот дел од Ин Виница Веритас“.
Повеќе од еден час Сашо комично, сатирично, вулгарно ги детектираше сите аномалии на општественото, политичкото и културно секојдневие.
 
-Целиот штос е во таа малограѓанштина, за нашата надалеку прочуена зачмаеност во некои традиционални вредности кои веќе не функционират во ова време, пред се за нашиот крут менталитет. Она што не прави поразлични е тој крут менталитет кој не ни дозволува да одиме напред. Успехот е единствената работа која нема никој да ти ја прости,. Треба да поминат децении на комплексна работа во образованието, во културата ,за да станеме повеќе германци, швајцарци, во смисла на ефикасност, а сепак да го задржиме руралното , балканското, и таа дива креација кај нас која секогаш бара излез да ги каже работите на еден културно брутален начин, токму она што го немаат менталитетите во западниот свет, и ако ние успееме да направиме таков спој, да станеме повеќе цивилизирани но и брутални во смисла на уметничко-културно изразување, тогаш можеби и ќе успееме . Но менталитетот тешко се менува, научно-фантастична помисла е дека ваква работа треба да се случи. Можеби ќе дојдат нови генерации на Македонци кои ќе гледат поинаку на светот и поинаку ќе го дизајнираат светот, но ние не сме од тие генерации“, рече Тасевски.
 
Тасевски од Виница ја најави и промоцијата на неговата седма книга “Жена вредна злато“ која ќе биде во ноември. Инаку „Ин Виница Веритас“ официјално започна со ликовната изложба на карикатури.

“Немав сомнежи дека ќе поминам одлично, публиката е гладна за перцепција и рецепција на уметнички дела, знаев дека ќе…

Posted by Opstina Vinica on Tuesday, October 1, 2019

“Врвните светски карикатуристи во улога на трагачи по парадокси, преку своите дела раскажуваат филмски приказни …

Posted by Opstina Vinica on Tuesday, October 1, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*