Црвен крст Делчево го одбележа Меѓународниот ден на старите лица

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на стари лица, денес во Клубот на пензионери во Делчево, се организираа едукативни и рекреативни работилници за пензионерите од Делчево. Ивана Атанасовска од делчевскиот Црвен крст, информираше дека, акцијата се спроведе со вклученост на младите волонтери на Црвениот крст на РСМ, Општинска организација – Делчево.

-Покрај едукативниот дел, младите волонтери кои беа вклучени во активноста, заедно со пензионерите, денес имаа и рекреативен дел, преку заедничко играње друштвени игри, меѓу кои шах, домино, карти, табла и билјард, рече Атанасовска.

Додаде, дека во рамки на активноста здравствениот работник д-р. Стефанија Јованова, во просториите на пензионерското катче изврши бесплатни прегледи и мерење на крвен притисок и др.

-Се надеваме, дека до крајот на годината ќе имаме уште вакви активности, кои ќе им бидат од огромно значење за старите лица, за кои грижата од сите нас, секојдневно треба да биде поголема, дополни Атанасовска.

Црвен крст Делчево, своите активности ги продолжува утре, со организирање на редовната крводарителска акција за месец октомври.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*