Крводарителска акција со полицијата и граѓанството во Делчево

Општинската организација на Црвен крст Делчево денес реализираше две крводарителски акции. Во рамки на првата акција, припадниците на делчевската полиција подарија 13 крвни единици, додека во преостанатиот дел од денот акцијата се спроведе со граѓаните од Делчево. Претставникот на Црвен крст Делчево, Ивана Атанасовска, информираше дека интересот за крводарување бил солиден.
 
-Денес во Делчево се одржуваат две крводарителски акции. Првата акција се одвиваше во Регионалниот центар за гранична работа – Исток на која учествуваа вработените во овој центар како и припадници на МВР – Делчево. Таму беа собрани 13 крвни единици, додека на втората акција со граѓанството од Делчево, се очекува да бидат подарени помеѓу 40 и 50 крвни единици, рече Атанасовска.
Сашко Стојковски е еден од ретките крводарители кој има дарувано крв над 60 пати.
 
-Редовно давам крв, досега ја имам достигнато бројката од 60 дарувања. Кој може нека дарува крв, бидејки чувството е прекрасно и задоволство е да се спаси нечиј живот, вели Стојковски.
Акцијата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, од каде изразија задоволство од учеството на граѓаните.
 
-Граѓаните на Делчево ја покажуваат својата хуманост дарувајки крв. Цела колона несебични дарители на крв од Делчево, чекаат во ходникот и се спремни да даруваат крв, која што е потребна на болните во болниците. Тоа е нешто што е за пофалба, рече Анита Петкова Божиновска од ИТМ Скопје.
До крајот на годината, како што соопштија од Општинската организација на Црвен крст, остануваат уште две крводарителски акции, кои ќе се спроведат на почетокот на месеците ноември и декември.

Крводарителска акција со полицијата и граѓаните од Делчево

Крводарителска акција со полицијата и граѓаните од Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, October 3, 2019

Заврши крводарителска акција со полицијата, а до 16 часот се реализира крводарителската акција со граѓаните од Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, October 3, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*