Култниот филм „Оловна бригада“ вечерва и утре во киносалата во Македонска Каменица

Вечерва и утре(четврток и петок, 3 и 4 октомври 2019 година), во Домот на култура во Македонска Каменица, ќе се прикажува култниот филм „Оловна бригада“. Иницијативата за прикажување на филмот кој е снимен во далечната 1980 година е на Горан Огнановски, директор на Културно информативниот центар „Романса“, кој барајки низ архивите на Кинотека на Македонија, по пауза од 38 години, успеа во намерата, филмот повторно да се прикажува во градот, каде се снимени дел од сцените.
 
-Вечерва и утре, жителите на Македонска Каменица и регионот, имаат одлична можност да ја гледаат дигитализираната верзија на ова филмско остварување. Се работи за филм, за кој зборуваат сите повозрасни граѓани на Македонска Каменица. Дејствието се случува во зима во една рударска населба и за него се врзани многу анегдоти и случки со позантите екс-ју актери, кои се дел од „Оловна бригада“, вели Огнановски.
Влезот за вечерашнава проекцијата, како што додава, е слободен, со тоа што, присуство на лица под 12 години не е дозволено. Од КИЦ „Романса“ дополнија дека, доколку постои интерес кај граѓаните од Македонска Каменица и регионот, филмот ќе биде прикажуван и во дополнителни термини.
 
„Оловна бригада“ е македонски игран филм од 1980 година, снимен според сценарио и режија на Кирил Ценевски. Филмот е во производство на Вардар филм и Македонија филм од Скопје, снимен во вајд-скрин техника, во боја и трае 115 минути.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*