„Медена земја“ вечерва и утре во Делчево!

Најнаградуваниот македонски документарец, што со победа во три категории на почетокот на годинава триумфираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“, „Медена земја“ (Honeyland), на 4-ти и 5-ти октомври ќе се прикажува во Делчево! Филмот, што е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди, ќе се прикажува во Центарот за култура во Делчево, со почеток во 19 часот.

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.

“По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата. Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!

Улогите во филмот ги толкуваат Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер Сам и други.

Повеќе за кинопроекциите овде!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*