Какви тајни крие локалитетот Грамади кај село Разловци?!

Локалитетот Грамади кој се наоѓа над село Разловци е еден од локалитетите, кој по својата мистериозност крие големи тајни, значајни за македонското културно- историско наследство. Ова во многу наврати досега  се докажало преку неколкуте археолошки истражувања и предметите кои се најдени на ова подрачје. Кустосот Славчо Десподов бил дел од тимот кој заедно со експерти на Музејот на Македонија во 2003 година извршиле ископувања кај месноста „грамади“, на кое се пронајдени значајни артефакти.

-Локалитетот Грамади или Горно Поле, е место кое се наоѓа во близина на востаничкото село Разловци каде во 1876 година е кренато првото македонско востание познато како Разловечко востание. Ова место мештаните го викаат Грамади, најмногу поради огромниот број на камења, кои се наоѓаат расфрлани на сите страни, а исто така е познато и како „старо село“, бидејки Разловци било на ова место, а подоцна е преселено на местото каде што се наоѓа сега. За овој локалитет кој се простира на неколку хектари, не само што има индиции, туку во 2003 година, во соработка со Музејот на Македонија е извршено ископување со средства од Министерството за култура и тоа од страна на стручни лица, сега покојниот Кирил Трајковски и Златко Видеовски, идвајцата археолози од Музејот на Македонија. Позади мене, се наоѓа сонда, која беше ископана во 2003 година и во која што се најдени артефакти, меѓу кои и една „луцерна“ (светилка), во подножјето на овој ѕид, кој што е остаток од некоја градба, вели Десподов.Околу месноста „Грамади“, се наоѓаат повеќе возвишенија и ридчиња, кои што кријат научни сознанија и кои, како што додава Десподов, кријат и артефакти преку кои можат да дадат сознанија дали на ова место се наоѓа стариот градот Равен, кој бил центар на Брегалничкото кнежество, во кое престојувал Свети Методи, кој бил кнез на Брегалничкото кнежество.

-На овие пространства кои се простираат на самиот брег на реката Брегалница, освен оваа сонда што беше ископана, на 100 метри погоре се наоѓа и црква која се претпоставува дека се викала „Свети Никола“ и на која што се уште има остатоци од гробови. Од кој период е црквата и од кој период датира, треба стручната јавност да си го каже својот збор. Индиции постојат, постојат информации, артефакти и докази, едноставно само треба надлежните институции да преземат мерки да се утврди дали се работи за градот Равен, центар на Брегалничкото кнежество каде престојувале Светите браќа Кирил и Методиј и каде што на светата вода која се наоѓа на само неколку километри од овде, во испосничка ќелија Свети Кирил или Константин Филозоф ја пишувал првата словенска азбука, додава Десподов.

Повеќе за ова во видеото во продолжение!

Какви тајни крие месноста „Грамади“ кај село Разловци

Какви тајни крие месноста „Грамади“ кај село Разловци

Posted by delcevo365.mk on Friday, October 4, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*