Откако им изгоре куќата, опожарена и плевната на семејството Воденски

Откако семејството Воденски од беровското село Русиново го изгуби својот дом во пожар, ноќеска се запали и нивната штала и огнот пеплоса се што имаше во неа, нивниот трактор со сета механизација, млинови и останти работи кои беа сместени во неа. Во моментот на несреќата, семејството било сместено во куќа во Владимирово, која по пожарот им ја обезбеди општината, а веста за опожарувањето на останатиот дел од имотот, им била соопштена од страна на роднини и беровската полиција.
 
-Рано утрово бевме известени дека, плевната заедно со козите кои ги чувавме и тракторот целосно изгореле. Ни изгоре куќата, сега и плевната, тоа е нов шок за нас. Моите родители примија медицинска помош за полесно да го пребродат шокот кој го доживуваме. Останува да се надеваме на помошта на хуманите граѓани, вели Воденски.
 
Досега како што додаде Воденски, помош е најавена од негови другари и роднини.
 
-Мои другари најавија дека ќе донесат кревети, имаме најава и за помош во парични средства. Во понеделник ќе биде обезбедена и жиро сметка за донации, така што секој кој што сака ќе може да донира и да ни помогне да ја надминеме оваа тешка ситуација, вели Воденски.
 
Увид на местото на несреќата вршат екипи од беровската полиција, од каде го потврдија опожарувањето на плевната, но повеќе детали, најавија во текот на утрешниот ден. Засега нема информации дали пожарот е намерно подметнат или е резултат на тоа што искри од претходно опожарената куќата го предизвикале истиот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*